Џиџо Донарума се здоби со сериозни повреди по тешкиот инцидент на вечерашното дерби меѓу Монако и ПСЖ во кое италијанскиот голман беше удрен со копачка во лицето од страна на домашниот играч Синго.
Фудбалерот на Монако со отворен ѓон налета на лицето на Донарума, голманот на ПСЖ остана да лежи во агонија и мораше да биде заменет, а интересно е што арбитрите решија да не го исклучат Синго, кој иако немаше директна намера, сепак имаше старт „опасен по живот“ за противникот.
Лицето на голманот веднаш мораше да биде сошиено, а во јавноста се појави и фотографија од Донарума од соблекувалната на ПСЖ, која јасно покажува колку сериозен беше овој старт врз него…
Fucking Hell
pic.twitter.com/otQYDQ1upJ— AB⚕ (@AbsoluteBruno) December 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА