Страшни сцени на младинската ЛШ: Играч на Ливерпул се сруши на терен по судир со глава (ВИДЕО)

Загрижувачка ситуација во 1/4 финалето во младинската Лига на шампиони и дуелот меѓу Ливерпул и Спортинг Лисабон. Младиот фудбалер Бен Доак (17) доби удар во главата во еден воздушен дуел со противничкиот играч Жоао Муниз.

После скокот Доак почна да се држи за глава, па неконтролирано да оди по што падна како покосен на тревата. Веднаш втрча лекарската служба, и му помагаа на Доак двеминути. Успеа да застане на нозе, но веднаш е заменет.

Ќе следуваат сите лекарски прегледи се додека не се утврди дека се е во ред. Од Ливерпул потврдија дека фудбалерот сега се чувствува добро.

Се вчитува...