Фудбалерите на Хајденхајм и Бохум одиграа без голови 0-0 во натпреварот од 32.коло во Бундеслигата.
Натпреварот на „Воит арената“ беше продолжен за 14 минути поради прекинот поради повреда на домашниот голман Кевин Милер во 50. минута. Голманот на Хајденхајм заработи опасен удар во глава од играчот на Бохум, Сисок и остана да лежи неподвижен на теренот.
Милер лежеше онесвестен на тревата додека му помагаа, а за тоа време соиграчите го опколија и со своите тела го штитеа од погледот на навивачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

