Шокантна случка пристигнува од Хрватска, откако беа објавени фотографии од автомобилот на спортскиот директор на Осијек, Хозе Бото, на кој во текот на ноќта било пукано.
На шофершајбната се забележливи седум дупки од куршуми, а среќна околност е што Бото воопшто не се наоѓал во градот бидејќи пред неколку дена отпатувал на одмор во Португалија. Автомобилот прв го забележат Алфреи Алмеида, португалскиот стручњак што токму од Бото беше ангажиран да биде шеф на младинската школа на Осијек, по што била повикана полиција.
„Не ми паѓа на памет да го напуштам градот и клубот. Работиме во вистински правец, ова што се случува само ми дава дополнителен мотив“, порача Бото од Португалија преку својот профил на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА