Страшни сцени во Колумбија: Убиен поранешен фудбалер, телото распарчено во неколку вреќи

Страшна вест доаѓа од Колумбија, откако пораешниот фудбал Хуан Диего Гонзалез (40) беше пронајден мртов во Меделин, град каде владеат колумбиските картели.

Телото на Гонзалез било распарчено и поделено во неколку вреќи фрлени во река, а форензичарите едвај успеале да го утврдат неговиот идентитет. Според медиумите од оваа земја, Гонзалес е убиен поради долговите што ги имал кон нарко-картелот што оперирал во Меделин.

Тој во кариерата настапуваше за бројни клубови во татковината, а играше уште и во Мексико, како и во американската МЛС-лига, каде во 2011 година ја заврши кариерата носејќи го дресот на Филаделфија.

Се вчитува...