Страшни сцени во 17. коло од англиската Премиерлига на натпреварот меѓу Бурнмаут и Лутон.
Мечот е прекинат во 66. минута од средбата при резултат 1-1, откако дефанзивецот на Лутон, Том Локер колабираше на терен.
Локер само се сруши на средината од теренот без никаков дуел, по што веднаш сите актери на теренот се стрчаа кон него. Јасно беше дека ситуацијата не е едноставна. Веднаш му беше укажана прва помош на велшкиот интернационалец, потоа и изнесен од стадионот а натпреварот е прекинат…
Tom Lockyer has collapsed on the field during the Luton vs Bournemouth match. Pray for Tom! 🙏pic.twitter.com/9b0cfWKKF7
— Max Statman (@emaxstatman) December 16, 2023
Според првичните информации, откако играчот на Лутон е изнесен од терен, тој веќе е свесен и контактибелен. Но, очекувано, фудбалерите на двата тима немаа сили да го продолжат натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА