Страшни вести: Магдевски заработи тешка повреда на коленото, крај на сезоната!

Завршена е сезоната за македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Магдевски.

Магдевски заработи тешка повреда на коленото на последниот натпревар на МЗТ Скопје против Тиквеш, па го очекува повеќемесечна пауза, со крај на натпреварите за сезонава.

„Понеделничкиот дуел со Тиквеш ни донесе бодови, но не и радост поради повредата на Андреј Магдевски, кој при еден од пробивите кон противничкиот кош почувствува болка, падна и мораше да се пресели на клупата. Подоцнежните снимки и лекарски прегледи покажаа дека станува збор за потешка повреда на коленото, поради која го чека повеќемесечно отсуство, што значи дека ќе го пропушти останатиот дел од сезоната“ – информираа од МЗТ Скопје.

Сето ова е дополнителен проблем за македонскиот шампион ако се знае дека во моментов надвор од стројот поради повреди се и Војдан Стојановски и Андреј Маслинко, а уште неколку првотимци имаат поситни проблеми.

Следен предизвик за МЗТ Скопје е гостувањето против КК Кожув, в сабота од 18 часот.

Се вчитува...