Страшни вести од Барселона: Таткото на Јамал прободен на паркинг, состојбата е критична

Животот од соништата на Ламин Јамал по неверојатните настапи на ЕВРО 2024 денеска се претвори во кошмар откако неговиот татко Мунир Насрауи бил прободен со нож на паркинг во Барселона.

Шпанските медиуми вечерва информираат за големиот инцидент од кој подебелиот крај го извлекол токму таткото на суперталентот на Барселона, кој веднаш бил префрлен во болницата „Кан Рути“ во Бадалона. Според првичните информации, неговата состојба е критична.

Полицијата веќе почната истрага за настанот сослушувајќи сведоци кои биле во близина кога се случил страшниот инцидент. Неофицијално, таткото на Јамал пред неколку дена бил во тепачка со неколку лица, па сега се истражува дали прободувањето е на некој начин поврзано со тој инцидент.

Се вчитува...