Страшни вести пристигнуваат од Бугарија, откако медиумите од источниот сосед пренесоа дека легендарниот голгетер Љубослав Пенев се наоѓа во тешка состојба во клиника во Германија.
Веста беше потврдена и за информативнаа агенција БТА од страна на Ивајло Аспарухов, близок пријател на Пенев кој обелодени дека Љубо се наоѓа во клиника во Германија, состојбата му е тешка и лекарите во последните денови се борат за неговиот живот. Тој потврдил и дека Пенев има канцер, но без дополнителни детали.
Екс-фудбалерот пристигнал во Германија пред неколку дена, а веднаш по прегледите бил задржан во клиниката. Тој има загубено голем број на килограми, а токму поради тоа не е препорачливо да прима хемо-терапија.
Љубо Пенев во 1994 поради канцер на тестисите не настапи за Бугарија на СП 1994 во САД, но овојпат проблемот е многу, многу посериозен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

