Страшни закани до Мегваер: Замини од Јунајтед или умри!

Хари Мегваер веќе подолго време е човек за потсмев во англискиот фудбал, поради катастрофалните грешки што ги прави најскапиот светски дефанзивец во дресот на Манчестер Јунајтед.

Сепак, работите во последните денови излегоа од контрола по страшните закани што англискиот репрезентативец ги добива од фановите на Јунајтед. По поразот од Ливерпул преку емаил-порака дојде до аларм дека е поставена бомба во неговата куќа, полицискиот претрес на домот утврди дека станува збор за „лажна узбуна“, но уште повеќе се интензивираа и пораките со закани што Мегваер ги добива.

„Замини од Манчестер Јунајтед или умри“, гласи една од бројните смртни закани што Мегваер ги доби во последните месеци, очигледно од незадоволни фанови на „црвените ѓаволи“.

Состојбата е сериозна, па тој веќе ги преселил сопругата и двете деца на локација што не се обелоденува, а самиот Мегваер живее во куќа кај еден од соиграчите од клубот.

Нема дилема, работите излегуваат од контрола, a Мегваер најверојатно ќе биде преселен на клупата за дербито со Арсенал, да не се дозволи ситуацијата дополнително да ескалира…

Се вчитува...