Давиде Астори, Томас Родригез, Адриан Лилебек и Бруно Бобан се четири фудбалери кои починаа овој месец. Сите четворица активни спортисти, млади во идеални години…
Смртта на Бруно Бобан, фудбалерот од Марсонија, е последна од низата од само три недели во која четири фудбалери ги загубија животите.
Италијанскиот репрезентативец Давиде Астори почина во сон во хотелска соба за време на карантина на Фиорентина пред мечот со Удинезе во Серија А. Речиси идентично, по само пет дена во сон поради застој на срцето почина и младиот голман на францускиот второлигаш Тоурс, 18-годишниот Томас Родригез. Токму како и Астори и Томас беше пронајден без значи на живот.
Нова трагедија се случи и во Норвешка. Младиот фудбалер на второлигашот Конгсвингер, Адриан Лилебек почина на 21 година по акутна инфекција која се проширила на крвотокот.
И сето тоа вчера со нова трагедија, овој пат во Славонски брод кога на терен почина 26-годишниот Бруно Бобан. Се сруши на сред натпревари и ги остави во шок и соиграчите и целокупната хрватска спортска јавност!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА