СТРАШНО: Мексиканците организираа натпревар на нарко-картелите, но се се заврши стравично со дури 16 мртви

Мексиканската власт во државата Закатекас организираше пријателски фудбалски натпревар меѓу нарко-картели кој на крајот заврши трагично.

Организиран беше дуел меѓу „Заливскиот картел“ и „Лос Зетас“, со желба да се покаже дека е можен соживот наспроти жестокото минато меѓу овие картели. Но, сето тоа заврши на стравичен начин. Загинале дури 16 лица а пет се повредени откако на сред натпреварот почнал воорушен судир меѓу картелите.

Како што пренесуваат медиумите од Мексико, сите учесници на мечот со себе имале оружје, како огнено така и ладно, па на крајот се случил вистински масакр.

Сите 16 загинати биле затвореници, а меѓу повредените има и посетители, главно деца и роднини кои биле во посета.

„Лос Зетас“ е картел кој е одвоен во 2010 токму како огранок на „Заливскиот картел“, и важи за еден од најголемите нарко-картели во Мексико.

Се вчитува...