Нaвивачите на Црвена Звезда, кои пристигнаа на аеродромот во Тузла по натпреварот од Лигата на Европа во Малме, беа нападнати откако го напуштија аеродромот. Навивачите на Ц. Звезда од Република Српска се вратија на аеродромот во БиХ од натпреварот во Шведска. Тие беа нападнати од заседа на околу 500 метри од аеродромот, во близина на паркингот кон кој групата се движеше кон автомобилите оставени таму пред летот за Шведска.
Полицијата потврди дека станува збор за конфронтација меѓу „Торцида“ и „Делии“
Полицијата во Тузла потврди дека навивачи на Црвена Звезда, биле нападнати од членови на „Торцида“, навивачи на Хајдук. Тие додаваат дека 93 лица се уапсени, а 23 лица се повредени во конфликтот.
„Министерството за внатрешни работи на тузланскиот кантон синоќа во 21:55 часот беше известено дека пред влезот на меѓународниот аеродром Дубрава дошло до тепачка меѓу две групи. На местото на настанот беа испратени неколку полициски патроли, како и екипи за брза интервенција од Специјалната полициска единица за поддршка на Полицискиот оддел на МУП на Тузланскиот кантон, како и екипи од здравствените центри во Живиница и Тузла. Утврдено е дека никој од Тузланскиот кантон не учествувал во овој инцидент. Истрагата е во тек, а сите идни мерки и дејствија ќе бидат преземени според упатствата на државниот обвинител“, наведува МУП на Тузланскиот кантон.
Иако официјално не беше познато синоќа кој го подготвил пречекот за „Делии“, неколку извори на навивачи веднаш изјавија дека нападот го извршиле членови на сплитска „Торцида“ и дека двајца навивачи на Ц. Звезда се тешко повредени во нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

