Страшни вести доаѓаат од соседна Бугарија, каде во сообраќајна несреќа животот го загуби Скендер Елези, таткото на големиот талент на Шкендија и младински репрезентативец на Македонија, Дашмир Елези.
Како што јавуваат бугарските медиуми, несреќата се случила кога возилото БМВ управувано од пријател на семејството Елези удрило во камион. 40-Годишниот Скендер Елези починал на лице место, додека останатите две лица кои се наоѓале во возилото се надвор од животна опасност.
фото: Plovdiv24.bg
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА