Страстен бакнеж на Олимписките игри ја разбесни Италија (ФОТО)

Еден страстен бакнеж на Олимпијадата го воодушеви целиот свет, но беше вистински удар за Италија. Олимписката легенда и икона во брзо лизгање Аријана Фонтана го привлече вниманието на нејзината земја по освојувањето на златниот медал, на 500 метри за жени, што е нејзин 10-ти олимписки медал по ред.

31-годишната девојка откри дека официјалните лица на италијанскиот тим не сакале таа да се натпреварува во Пекинг како последица на жестоката „војна“ која се водела зад сцената. Конфликтот уште повеќе се разгори, а олимпијката испрати порака ширум светот одбивајќи да се поздрави со официјалните лица на својот тим веднаш по победата.

По триумфот, таа се излизга директно кон нејзиниот сопруг и тренер Ентони Лобел Јуниор, а нивниот страстен бакнеж беше виден ширум светот на ТВ екраните.

Некои го протолкуваа овој потег како намера да им пркоси на олимписките бирократи во Италија, како резултат на, како што тврди таа, недостатокот на поддршка откако нејзиниот партнер и стана тренер. Аријана не ја криеше среќата кога сфати дека по нејзиното епско враќање победи и ја престигна холандската миленичка Сузан Шултинг.

„Кога ја поминав целта – викнав на глас, нешто што обично не го го практикувам, но тоа беше само начин да го исфрлам сиот мој гнев. Има луѓе кои не ме сакаа овде. Мојата федерација навистина не ја поддржа одлуката за тренер да го изберам мојот сопруг. Моето семејство и јас моравме да поминеме низ многу лоши денови поради луѓето кои не ме сакаа овде. Не сакаа мојот сопруг да ми биде тренер, но денес докажавме дека тој е најдобриот можен тренер“, изјави Фонтана.

 

 

Се вчитува...