Страстите вријат: Швајцарија има и подобар селектор и подобри фудбалери од Србија

Како што се приближува стартот на утрешниот решавачки натпревар меѓу Србија и Швајцарија (петок, 20 часот), така се повеќе зовриваат страстите меѓу двете страни.

Влогот е огромен – пласман во осминафиналето крај незапирливиот Бразил, на Швајцарите им одговара и реми, но долгогодишниот член на оваа репрезентација, Штефан Лихтштајнер смета дека неговата селекција мора да оди на победа. Воедно, тој ги „пецна“ Србите со порака дека нема што да бараат бидејќи Швајцарија има и подобри фудбалери, но и подобар селектор Мурат Јакин во однос на Драган Стојковиќ – Пикси.

„За мене нема сомнеж, Швајцарија има подобри фудбалери и подобар селектор од Србија. Момците добро знаат што да очекуваат од Србија, мечот ќе го решава подготвеноста на психолошки план, а јас токму тука ја гледам нашата предност. Секогаш е ризично да се оди на реми, иако би било лошо и ако се залетаме од првата минута и налетаме на острицата од српскиот нож. Јас верувам во нашиот селектор Мурат Јакин, кој е паметен тренер, ќе знае како да ја постави играта, како да реагира како што ќе тече мечот“, изјави Лихтштајнер.

Се вчитува...