Најважниот фудбалски натпревар во годината донесе во Кардиф и најголем безбедносен ризик, поради што безбедносните мерки во Кардиф се засилени до максимум.
Известувачите од Кардиф тврдат дека вакви мерки не се видени уште од Самитот на НАТО во 2014 година. Но, овој пат не се причина навивачите кои ќе ги има повеќе од 70.000, но причината се пред се низата терористички напади ширум Европа во првите месеци од годината.
Ни две недели не минаа од нападот на бомбашот самоубиец во Манчестер во кој загинаа 23 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Нападот се случи во пресрет на финалето од Лигата на Европа во Стокхолм, каде Манчестер јунајтед стигна до титулата. Токму затоа сега се активирани максимални безбедносни мерки во Кардиф, како не би дошло до несакани трагедии.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА