Една од најголемите светски скијачки легенди Лидзи Вон, доживеа сериозн пад за време на спустот во Кран-Монтана, последна трка пред Зимските олимписки игри. Падот предизвика загриженост кај љубителите на скијањето, дали Американката ќе може да се опорави пред игрите.
Трката се претвори во серија падови. Покрај Вон, паднаа и Нина Ортлиб и Марте Монсен, па затоа трката е прекината.
За среќа Вон успеа сама да стане и да се прошета на патеката, и покрај тоа што хеликоптерот за транспорт беше подготвен. Поради тешките услови и славата видливост, организаторите ја прекинаа трката по падодот на Вон. Таа беше последна која стартуваше.
Wishing Lindsey Vonn a speedy recovery following her crash in Crans-Montana ❤️ pic.twitter.com/hZ6PcPVvW3
— TNT Sports (@tntsports) January 30, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

