Гаалатасарај го победи второлигашот Истанбулспор со 3:-1 во третото коло од Купот на Турција. Сепак, резултатот е во втор план по ужасниот судир на почетокот од второто полувреме.
Ахмед Кутуцу, стрелецот на третиот гол за Галатасарај, ја упати топката со глава во противничкиот шеснаесетник. Иса Доган, голманот на Истанбулспор, исто така, се обиде да го стори тоа. Потоа следеше силен судир со глава, по што двајцата останаа неподвижни на тревникот.
Медицинските екипи на двата клуба, како и играчите на двата тима, кои се обидуваа да им помогнат на жртвите, веднаш истрчаа на теренот. Тие се обидоа да му го извадат јазикот на Кутуџу за да не се задуши. Ужасните сцени од судирот и она што изгледаше како борба за живот на повредените играчи ги шокираа гледачите на стадионот и пред екраните.
На крајот, Кутуџу успеа да стане и да го напушти натпреварот, со завој на главата и со помош на своите колеги. Доган беше ставен на носила и го напушти теренот со амбулантно возило. Пред да се качи, тој ја поздрави публиката.
СТРАВИЧНАТА СИТУАЦИЈА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

