Еден од претендентите за висок пласман во француската Лига 1, екипата на Лион доживеа незгоден пораз на гостувањето кај Стразбур уште на стартот од првенството. Тимот на Стразбур успеа на крајот да слави триумф со 2-1.
Белегард и Мотиба беа стрелци на головите за домашнито тим, а Таљафико само успеа да го ублажи поразот на избраниците на Лорен Блан.
Интересно е тоа што Стразбур од единствените два шута кон противничкиот гол, стигна до оваа победа, додека Лион имаше седум обиди, но само еден заврши во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

