Олимпик Марсеј во 6. коло од француската Лига 1, го претрпе првиот пораз. После четирите победи и едно „реми“, тимот од Марсеј „потклекна“ пред Стразбур, кој славеше триумф со 1-0.
Голот вреден три бода беше дело на Мореира во 40. минута од средбата.
И покрај тоа што Олимпик Марсеј имаше повеќе од играта, од поседот, имаше и шанси, сепак, не успеа да го избегне поразот од овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА