Стразбур веднаш најде замена за тренерот кој замина во Челси

Стразбур веќе го избра наследникот на својот претходен тренер Лиам Розениор, кој беше назначен за менаџер на Челси претходно денес. Станува збор за Гери О’Нил, кој се договорил со францускиот клуб. 

Договорот на Англчанецот ќе биде до летото 2028 година. Станува збор за поранешен менаџер на Борнмут и Вулверхемптон, а последен пат работел на крајот од 2024 година.

Го презема Стразбур на седмото место во Лига 1, екипа која има 24 бода со седум победи и три ремија, и седум порази. Исто така овој тим заврши како првопласиран во Лигата на Конференции со пет победи и една нерешена средба.

Се вчитува...