На голот на Елиф Елмас на дуелот Наполи – Удинезе, со гол врати и Илија Несторовски. Македонецот како „џокер“ влезе од клупата и успеа со погодок да намали на 3-1, а брзо потоа тимот од Удине стигна и до 3-2 и неизвесен финиш.
Несторовски убаво ја зафати топката и со волеј ја смести во долниот десен агол од голот на Наполи. Тој погоди во миговите кога го прави својот „кам-бек“ во репрезентацијата после пауза.
Наполи до крајот успеа да ја задржи предноста и на крајот да слави. Елмас покрај третиот гол, асистираше и за првиот погодок на Наполи на Осимен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

