Стрелецот на голот за Хрватска со критики за тактиката: „Не знам зошто се повлекуваме“

Хрватската фудбалска репрезентација синоќа одигра нерешено против селекцијата на Полска со резултат 3:3.

Во Варшава, Борна Соса, Мартин Батурина и Петар Сучиќ постигнаа голови за „коцкастите“. На другата страна за Полска погодија Пјотр Зиелински, Никола Залевски и Себастијан Шимански.

Еден од стрелците за Хрватска, Борна Соса, за Нова ТВ зборуваше за самиот натпревар. Тој ја критикуваше својата селекција за играта во Варшава. 

„Не требаше да се повлечеме на крајот од првиот дел. Ни се случи истото како против Шкотска. Не знам зошто се повлекуваме, но мораме да ја држиме главата горе. Се е во ред. Сепак, не знам зошто се повлекуваме, а имаме квалитет да притиснеме секого високо на пресингот.“, рече Соса и додаде:

„Разговаравме за тоа во соблекувалната. Ќе работиме на тоа, немаме причина да се собираме позади бидејќи имаме тројца стопери“, изјави левиот бек на Хрватска.

Се вчитува...