Само еден гол за едно цело полувреме на шест натпревари од 4. коло во Првата македонска лига! Очигледно стрелците во домашниот фудбал се уште се на летен распуст, без посериозни возбудувања по 45 минути игра на дуелите во Скопје, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Струга.
На „дербито на дното“ во Скопје, Воска спорт игра подобар фудбал од Вардар со далеку поголема иницијатива. Беа поблиску охриѓани и до предност на натпреварот, но голманот на „вардарци“, Филип Гачевски убаво интервенираше во неколку наврати спасувајќи го својот тим.
Единствениот погодок е на натпреварот во Кратово каде Силекс води против Шкупи со 1-0 благодарение на погодокот на Ефтимов во 24. минута.
Имаше Шкупи можност да израмни во 45. минута, но Џемал Ибиши не успеа да реализира удар од белата точка.
ПРВА ЛИГА – 4. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 0-0
Гостивар: БЕСА – РАБОТНИЧКИ 0-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 1-0
Ефтимов 24′
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА