Фудбалерот на Лилестром, Александар Мелгалвис, со својот тим го освои Купот на Норвешка, а потоа претера во прославата на титулата. Пред навивачите и официјалните лица на прославата на централниот градски плоштад, Мелгалвис изведе стриптиз, а пехарот наменет за победникот, заврши меѓу нозете на фудбалерот.
Срамните слики го обиколија светот, а после тоа се огласи и Мелгалвис со обид да го оправда својот непримерен чин.
„Беше спонтано, со добронамерна идеја која доби многу позитивни коментари. Мило ми е што се случи тоа. Се разбира, никого не сакав да повредам и се извинувам ако некој се најде навреден“ – изјави Александар Мелгалвис.
На разголениот фудбалер, после се му се заканува суспензија, а најверојатно и судски процес бидејќи стриптизот го изведе на јавно место пред многу навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА