Строги правила: Кој сака да игра фудбал во Италија, мора да се вакцинира?!

Италијанската Фудбалска Федерација планира да го направи задолжително вакцинирањето на фудбалерите во пресрет на наредната сезона, се со цел да се спречи ширење на заразата внатре во екипите што би можела да доведе до одложување на натпревари. Куќата на фудбалот сериозно ја разгледува оваа опција, а во тек се консултациите околу нејзината правна издржаност, односно дали може сосила да се натераат играчите кои не сакаат да се вакцинираат, да го сторат тоа бидејќи во спротивно нема да сметат да се појават на терен.

Специја ги почна подготовките со десет фудбалери позитивни на коронавирус, по што целиот тим замина во изолација, потсетувајќи на бројните слични проблеми во текот на ланската сезона.

„Специја е само најнов пример дека кризата со коронавирусот не е завршена. Има само едно решени и се вика вакцина, а федерацијата планираа да воведе правило – на терен да смеат да се појават само играчи кои се вакцинирани“, пишуваат италијанските медиуми.

Рома, Сампдорија и Фиорентина уште пред почетокот на ЕВРО 2020 ги вакцинираа своите фудбалери, додека голем дел од остатокот чека да види дали федерацијата ќе издаде ваков „декрет“ или вакцинацијата ќе остане опционална наместо задолжителна.

Новата сезона во Калчо-лигата почнува на 23 август, па јасно е дека нема премногу време ако се знае дека за две дози вакцина вообичаено се потребни најмалку дваесетина дена.

Се вчитува...