Строл не возеше во Германија бидејќи имал COVID-19

Канадскиот Формула 1 возач, Ленс Строл бил позитивен на тестирањето на коронавирус за време на Големата награда на Ајфел и бил во изолација. Последнииот тест кој го направил е нагативен и ќе учествува на трката во Португалија закажана за претстојниот викенд.

Во саботата наутро имав проблеми со стомакот. Ги следев протколите и не излегував, бев во стриктна изолација. Не бев во состојба да возам и во неделата наутро заминав дома. Во меѓувреме направив тест кој излезе постивен, се изолирав десет дена. За среќа симптомите што ги имав беа благи“ – објаснува Строл.

Германецот Нико Хулкенберг беше негова замена во тимот на Рејсинг Поинт. Тој беше логично решение бидејќи секако беше во Германија. Хулкенберг кој е рекордер во Ф1 како возач со најмногу трки, а без подиум беше замена и за Серхио Перес на двете трки на „Силверстоун“ затоа што Мексиканецот исто беше позитивен на коронавирусот.

 

 

Се вчитува...