Италијанската боксерка Анџела Карини и го предаде мечот на Иман Хелиф од Алжир во осминафиналето на Олимпискиот турнир во Париз, одбивајќи да продолжи борба против – биолошки докажан маж!
Карина влезе во мечот, а потоа доби удар по што веднаш ја соблече опремата и само 45 секунди по почетокот ја предаде борбата против Хелиф, кој минатата година беше одбиен(а) да настапува на Светското првенство затоа што на тестовите беше докажано дека е маж. Но, сега зачудувачки доби дозвола од ИОК да настапува на ЛОИ во Париз.
По завршувањето на денешниот меч, Италијанката одби да се поздрави со својата ривал(ка), клекна и заплака во рингот. Сето то наиде на остра осуда од стручната јавност, медицинска лица од светот кои не може да веруваат дека се дозволи маж, јавно, пред очите на сите да претепа жена.
„Лудата и сурова реалност на Олимписките игри во Париз штотуку стана полуда и посмртоносна. (Транс) биолошки маж претепа боксерка – во име на „спортот“. Алжирскиот боксер реши да се бори на ЛОИ, и покрај тоа што падна на тестот за пол на Светското првенство во бокс за жени, а денеска ја остави италијанската противничка Ангела Карини во солзи во рингот. Тепачката била прекината кога боксерката Анџела Карини решила дека е доволно и го прекинала натпреварот“ – вели д-р Роберт Малоун, и дополнува:
„Дозволете ми да го кажам ова уште еднаш – во женскиот бокс еден маж претепа жена толку силно што таа се откажа. Други олимпијки кои се натпреваруваат во бокс сега се закануваат дека ќе се откажат во знак на протест. Двајцата машки боксери, Имане Келиф и Лин Ју-Тинг, кои ги претставуваат Алжир и Тајван, соодветно, учествуваат во женскиот бокс на Олимписките игри во Париз во 2024 година и покрај тоа што паднаа на тестовите за полот. Со други зборови, и покрај нивната желба да се жени, тестовите покажале дека се мажи. Но, тоа е во ред, според официјалните лица на Олимписките игри, бидејќи во случајот со Имане Келиф, во неговиот пасош пишува дека тој е жена. Така, Олимписките игри станаа срам со луди, измешани правила кои немаат никаква смисла. Правила кои одговараат на каприците на биолошките мажјаци, наспроти безбедноста на другите противници. Олимпијадата дозволува жените да бидат брутално претепани од мажи. Во текот на остатокот од овие Олимписки игри, овие двајца мажи ќе претапаат и други жени. Тие се слават поради нивните насилни дела врз жените“.
Реагираше и премиерката на Италија, Џорџија Мелони која истакна дека правилата на ИОК не смеат да се разликуваат од тие на спортските федерации.
„Ова што се случува на Олимписките игри во Париз воопшто не наликува на витештво и спорт“ – истакна Мелони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА