Традиционалниот струшки ракометен турнир оваа година ќе се одржа од 12. до 16. август одлучија организаторите на еден од најстарите македонски спортски настани.
Овој пат, поради пандемијата на коронавирусот, „Струга 2020“ ќе биде исклучиво од македонски екипи. Домашната елита ќе биде дел од турнирот. Осум екипи, Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, Охрид, Бутел, Пролет, Прилеп и домаќинот Струга ќе бидат поделени во две групи по четири екипи.
Минатата година трофејот го освои грчки АЕК кој во финалето со 27-24 го победи Еурофарм Работник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА