Легендарниот македонски ракометар Петар Ангелов во новата сезона ќе биде тренер на Струга, потврди суперлигашот. Ангелов во Струга доаѓа по полусезона помината во Вардар Неготино и своето деби ќе го има на јулилејниот 50. турнир во Струга кој ќе се одржи на средината на август.
Голманот кариерата ја почна во Тиквеш, а бранеше во Пелистер, Вардар и Металург. На интернационалната сцена беше дел од францускиот Трембле, турската Анталија, австрискиот Кремс, како и германскиот Ратинген, од каде се врати во Македонија.
Пред превземањето на Струга, настапуваше и за Пролет и Вардар Неготино, каде имаше двојна улога играч-тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА