Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум денеска го игра реванш мечот против Жалгирис од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Тимот од Струга се пофали дека сите билети се распродадени на стадионот „Билјанини извори“ ќе бидат исполнети до последното место.
Струг ТЛ пушти билети по цена од 1.200 денари, но истите ќе важат и за сите домашни натпревари во првенството на Македонија, а секој навивач со билетот ќе добие и подарок, маица со клупските обележја.
Натпреварот е со почеток во 17 часот, а првиот меч во Литванија заврши без победник 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА