Ракометарите на Прилеп дојдоа до осмата победа во 17-тото коло во ракометната Супер-лига, откако го совладаа тимот на Струга на нивен терен со 25-33.
Домашните имаа сила само за едно полувреме кога добро парираа, па не му дозволија на противникот да се одлепи. На полувремето гостите имаа само предност од еден гол, а на стартот од вториот дел стружани дури успеаја и да дојдат со егал.
Меѓутоа од тогаш до финишот целосна доминација на Прилеп, во два наврати стигнаа до предност од седум голови, а на крајот и до највисоките осум со кои запишаа триумф.
Димитар Димитриоски со 11 голови беше најефикасн на средбата, а одлична реализација покажа Квастек кој имаше седум гола од седум обиди. Кај домашните најефикасни со по пет голови беа Костов и Мајдоуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

