Струга имаше сила само за едно полувреме против Еурофарм Пелистер 2 (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 славеа со 32-26 над Струга во премиерниот натпревар од 19. коло во Суперлигата на Македонија. Домаќините го отворија подобро натпреварот и по десет минути лесно стигнаа до предност од плус четири 6-2. Сепак, гостите заиграа далеку подобро во продолжението на првите 30 минути и на пауза заминаа со негатива од само минус еден (12-11).

Како одминуваше натпреварот се повеќе до израз доаѓаше поголемиот квалитет на домаќините кои на средината на вториот дел успеаја повторно да направат поголема предност која ја задржаа до крајот на мечот за конечни 32-26.

Цветан Кузмановски со седум гола и Павле Атанасијевиќ со шест беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените пет постигна Ненад Костоски. Еурофарм Пелистер 2 со оваа победа се врати на третата позиција на првенствената табела со 38 бода, додека Струга останува деветта со 19 бодови.

 

 

Се вчитува...