Фудбалерите на Силекс славеа со 1-2 на пријателскиот натпревар против Струга ТЛ што кратовскиот прволигаш го одигра на теренот на противникот. Стружани имаат перфектен скор од стартот на Првата лига, тренерот Захариевски денеска воигруваше нови тактички замисли, но Силекс подобро ги искористи создадените шанси и на крајот се радуваше на победата.
Масевски и Ристовски беа стрелци на погодоците за победничкиот тим, додека единствениот гол за Струга ТЛ беше дело на Валентин Кочоски.
Струга ТЛ во следното коло од елитното друштво ќе се сретне со Македонија ЃП, додека Силекс ќе му гостува на шампионот Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА