Струга ќе биде домаќин на најелитниот шаховски турнир, доаѓа и светскиот шампион Магнус Карлсен

Од 17 до 25 септември ќе се одржи 36-тото издание за мажи и 25-тото за жени на Европски клупски Куп (ЕКК) во шах (натпреварување како Лигата на шампионите во фудбал и ракомет), а месецов Струга ќе биде домаќин на овој најелитен турнир.

На овој турнир ќе се судрат најдобрите во Европа, а посебно внимание ќе привлече норвешкиот клуб Оферспил, затоа што во своите редови го има актуелниот светски шампион Магнус Карлсен. Најдобриот на светот учеството во Струга го потврди на својата официјална интернет страница.

Досега се пријавени 38 клуба во машка конкуренција, со 238 шахисти, од нив 79 велемајстори (ВМ), а во женска конкуренција девет клуба со 30 шахистки (седум ВМ).

Македонија ќе има четири свои претставници кај мажите: Алкалоид, кој е еден од фаворитите за трофејот, како и Гостивар, Прилеп и Гамбит Асеко. Кај дамите пак ќе се натпреваруваат Алкалоид, МШК Центар и Куманово.

Се вчитува...