Фудбалерите на Струга ТЛ за првпат во 2026 година врзаа две победи во серија откако славеа лесно на домашен терен против Македонија ЃП со резултат 3-0.
Сите дилеми околу победникот исчезнаа по само дваесетина минути игра во кои струужани стигнаа до предност од 2-0. Хамза го отвори резултатот, а на 2-0 зголеми Бојку. До крајот на полувремето Струга ТЛ постигна и трет погодок, стрелец беше Јевтоски во 41. минута.
Второто полувреме мина во рутинско одржување на убедливата предност на домашниот состав, кој на крајот заслужено прокнижи нови три бода, многу важни во трката за третото место на тбаелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

