Струга парираше само едно полувреме: Е. Пелистер со убедлива победа

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, со убедлива победа се враќа од гостувањето во Струга со 43-25. Битолчани имаа проблеми само во првиот дел, а потоа во вториот целосно го покажаа сиот потенцијал и квалитет, и го добија вториот дел со неверојатни 8-24.

На старто се играше гол за гол, и некако Струга успеваше да биде тука некаде. Првиот момент кога Еурофарм Пелистер се одлепи беше на средината кога дојде до предност од 9-13, а потоа и 14-18, но на крајот домашните некако успеаја да намалат, и да заминат на полувреме со само два гола негатива.

Во вториот дел дијаметрално спротивна слика. Гостите не му дозволија на домашниот тим ниту да се понадева на изненадување, а најдолгата серија беше од 20-26 до 20-31, и тука веќе победникот беше решен. До крајот само беше формалност.

Цветан Кузманоски беше најефикасен со девет голови, осум постигна Цехте. Кај домашните, Мујушковиќ постигна шест.

Се вчитува...