Струга потпиша со младинскиот репрезентативец Зенделовски

Екипата на Струга ТЛ ги засили своите редови со уште едно засилување, потпишувајќи договор со 20-годишниот Адријан Зенделовски, актуелен младински репрезентативец на Македонија.

Зенделовски настапува на позицијата последен играч за врска, станува збор за фудбалер роден во Шведска, кој сепак прифати да заигра за македонските млади селекции и веќе има 13 официјални средби за У21 репреззентацијата на Македонија.

Тој првите чекори во кариерата ги мина во младинската школа на Малме, а последен клуб пред доаѓањето во Струга ТЛ му беше шведскиот третолигаш Олимпик.

Зенделовски е второто засилување на Струга ТЛ од почетокот на 2026 година, откако претходно беше потпишан и голманот на Работнички, Васко Василев.

Се вчитува...