Нов фудбалер на Струга ТЛ е италијанскиот голман Марко Анџелети кој официјално стави потпис на двегодишен договор со македонскиот прволигаш. 24-годишниот пристигнува во Македонија од редовите на гибрилтарскиот клуб Европа.
Анџелети потекнува од младинската школа на Специја, а сениорското деби го имаше во тимот на Понтедера како 19-годишник по што следеа настапи за повеќе нискочилигаши. Претходнава сезона настапуваше за тимот на Европа ФК од Гибралтар.
„Можам да кажам дека добивме голман со перспективи, голман за иднината. Со оглед на тоа што Италија секогаш произведува добри голмани, верувавме во Анџелети, кој верувам дека ќе биде првиот италијански голман кој ќе биде дел од Првата лига. Се надеваме дека брзо ќе се аклиматизира со тимот, кој од денес ќе ја започне фазата на подготовка за новата сезона“ – изјави спортскиот директор на клубот, Бесарт Исаку.
Италијанскиот голман потпиша договор до крајот на јуни 2027 година, но со можност за продолжување за уште една година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

