Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум на крајот во Охрид ќе го пречека исландски Бреидаблик во последното квалификациско коло за пласман во главната групна фаза во Конференциската лига.
Иако минатите денови се шпекулираше со неколку локации, како Елбасан и Струмица, на крајот сепак УЕФА дозволи стружани да играат во Охрид.
„До Фудбалската Федерација на Македонија пред малку стигна потврда од УЕФА, дека стадиони “Билјанини Извори” во Охрид ке биде домаќин на плеј оф натпреварот Струга Трим Лум против БрејдаБлик од Исланд за пласман во групна фаза од Лигата на Конференци.
Поради ова одлука, натпреварувачката комисија на ФФМ е принудена да го презакаже дуелот од 2-та коло на 2МФЛ мегу Охрид Лихнидос и Караорман за 30-ти август. Одлуката е донесена со цел да се создадат сите неопходни услови на стадионот за организацијата на натпревар од УЕФА натпреварување, а тука првенствоно се мисли на заштида на тревникот на Билјанини Извори.
Се недаваме дека доцната принудна промена на вистински начин ке ја разберат двете екипи од Втора Лига, кој својот натпревар требаше да го одиграат утре и ке бидат подршка за македонскиот првак Струга Трим Љум во намерата да обезбеди хисториски пласман во УЕФА групно натпреварување“, стои во соопштението од ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА