Струга, Шкупи и Шкендија по титула, тешка битка за опстанок пролетва во Првата лига!

Продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига. По вчерашното реми меѓу Гостивар и Вардар со кое стартуваше пролетната етапа од шампионатот, денеска останатите пет натпревари како почеток на борбата за шампионската круга.

Факт е дека битката за титулата ќе се води меѓу Струга ТЛ, Шкупи и Шкендија кои се водечки три екипи по есенскиот дел од првенството, иако е јасна израмнетоста во голем дел на екипите оваа сезона. Јасно е дека нијанси ќе одлучуваат околу шампонската трка, која во голема мера ќе зависи и од екипите кои ќе се борат за опстанок. А, нив ги има многу повеќе.

Од денешните дуели најинтересниот се очекува да биде во Скопје, каде Струга ТЛ гостува на Работнички кој сериозно се засили во финишот на преодниот рок. Шкупи, пак, на домашен терен ја пречекува Воска спорт.

Александар Васоски ќе го има своето официјално деби на клупата на Силекс, на дуелот против поранешниот свој тим АП Брера.

Дербито на Истокот ќе биде во Штип, каде Брегалница атакува на и тоа како важни бодови за опстанок против кавадаречки Тиквеш.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА
Гостивар: ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1

Се вчитува...