Струга славеше над Мулти Есенс и следната сезона ќе биде дел од елитата

Ракометарите на Струга и следната сезона ќе бидат дел од суперлигашкиот крем во Македонија, откако денеска во баражот во интересен натпревар славеа против Мулти Есенс со 24-19.

Првото полувреме ни донесе израмнета и тврда игра на двете страни која доведе на пауза да се замине во егал 12-12.

Клучната разлика стружани ја направија во вториот дел и на крајот со победа од 24-19 успеаја да останат во суперлигашката елита.

Ненад Костоски со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Христијан Гурмешевиќ постигна шест гола.

Се вчитува...