Струга со пораз на „генералката“ пред Жалгирис

Фудбалерите на Струга ТЛ претрпеа пораз од 1-2 на дуелот со Тирана во Охрид, меч што беше „генералка“ за македонскиот првак пред квалификацискиот двомеч од Лигата на Шампионите против екипата на Жалгирис.

Стружани одиграа солиден меч, но на крајот платија за неискористените шанси, па гостите од Албанија стигнаа до триумф. Тимот на Тирана прв поведе, Струга уште во првото полувреме израмни на 1-1 преку Шабани, а албанскиот состав победничкиот гол го постигна кон средината на второто полувреме.

Македонскиот шампион во вторник (11 јули) гостува во Вилнус во првиот меч од квалификациите за ЛШ, по што една седмица подоцна ќе се игра реваншот меѓу овие два тима, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Се вчитува...