Ракометарите на Струга го добија „дербито на дното“ во 16. коло од Суперлигата на Македонија на гостувањето во Радовиш.
Во главно израмнет натпревар меѓу двете последнопласирани екипи во шампионатот, на крај стружани славеа благодарение на одличните последни три минути од мечот преку кои стигнаа до пресврт победа од 24-26.
Се играше максимално израмнето од самиот почеток на дуелот, па Радовиш го доби првото полувреме со предност од 11-10. Сосема еднакво се играше и во вториот дел, домашните имаа предност од 24-23, на три минути пред крајот, но потоа следеше целосен пресврт и серија од 0-3 на Струга за конечна победа од 24-26.
Струга, сега со три победи (и 13 порази), дојде до 10. место на табелата, зад себе оставајќи ги Куманово и последнопласираниот Радовиш кој е со 16 порази од исто толку натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

