Екипата на Струга Трим Лум стигна до победа над Шкупи од 5-0 во 22. коло во ПМФЛ. Победникот на мечот беше решен уште пред истиот да почне, а се реализираше на теренот уште по првите 45. минути кога беше 2-0 за домашните.
Малески успеа со глава да го открие резултатот, а потоа во судиското надополнување Буњамин Шабани зголеми на 2-0.
На стартот на вториот дел Мазуликсис погоди за предност од 3-0. Потоа следуваа два гола на Компаоре, кој, конечно, се разбуди од „зимски сон“, и успеа да го скрши мразот годинава. Токму тој ги постигна головите за конечни 5-0.
Струга ТЛ имаше шанси и за 7-8 голови, но застана на пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

