Струга ТЛ е веќе единствена екипа со максимален ефект по две кола, Шкендија и Работнички ремизираа во Тетово (ВИДЕО)

Шкендија и Работнички ремизираа (1-1) на меѓусебниот дуел во 2. коло од ПМФЛ, што го искористи шампионот Струга ТЛ кој со победата над Беса од 1-0 е единствената екипа со максимален ефект по првите две кола во шампионатот.

Силекс и одржа лекција по фудбал на АП Брера победувајќи со 4-0, а Гостивар славеше со 2-0 против Шкупи во Штип. Победа и за Тиквеш од 2-1 против Воска спорт во Кавадарци.

На дуелот во Тетово домашните дојдоа до предност благодарение на траги-комичниот автогол на гостинскиот дефанзивец Дин Аломеровиќ.

По одличниот шут на Бесарт Ибраими од 30 метри, топката шеташе по гол-линијата одбивајќи се меѓу двата диреци, но Аломеровиќ неспретно реагираше внесувајќи ја во сопствената мрежа.

Но, во второто полувреме, веќе во 53. минута Мазари успеа да постигне гол за Работнички за израмнување на 1-1.

Шампионот Струга ТЛ триумфираше со 1-0 против Беса со погодокот на Сава Радиќ во 49. минута.

Силекс убедливо триумфираше против АП Брера со 4-0. Домашните по само 20 минути дојдоа до 2-0 против АП Брера во Кратово. Одлична игра на домашните кои го изненадија фаворизираниот противник. Уште во 7. минута Дарко Додев со глава одлично погоди за водство на Силекс од 1-0.

А, веќе во 20. минута и Марко Ѓорѓиевски од непосредна близина со глава погоди за 2-0.

Марко Ѓорѓиевски не застана само на тој гол. Па, само што почна второто полувреме во 46. минута зголеми и на 3-0.

А, во 71. минута Ѓорѓиоски заокружи со хет-трик за конечни 4-0.

Гостивар триумфираше со 2-0 против Шкупи на натпреварот кој се играше во Штип.

Гостиварци до предноста дојдоа со два гола за само четири минути и тоа благодарение на капитенот Алпер Потук. Најпрво Потук стрелаше од пенал во 36. минута по оправдано досудениот удар од белата точка.

А, потоа по неверојатен дегажман на домашниот голман, Потук одлично се снаје во 40. минута и погоди за 2-0.

Тиквеш, победи со 2-1 против Воска Спорт благодарание на дват гола на Едис Спахиу, кој најпрво погоди во 37. минута од средбата за 1-0.

Спахиу стрелаше и за 2-0 во 64. минута од натпреварот, за да гостите единствено преку Јахја во 76. минута го ублажат поразот.

ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ 2-1
Спахиу 37′, 64′ – Јахја 76′
Штип: ГОСТИВАР – ШКУПИ 2-0
Алпер Потук 36′(п), 40′
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА 4-0
Додев 7′, Ѓорѓиевски 20′, 46′, 71′
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-1
Аломеровиќ 26′(аг) – Мазари 53′
Струга: СТРУГА ТЛ – БЕСА 1-0
Радиќ 49′
ДЕНЕСКА, 20 Ч.
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Се вчитува...