Струга ТЛ ги дозна можните пет противници за ЛШ: Слован, ТНС, Балкани, Борац…

Пред утрешната ждрепка во Нион за квалификациите во Лигата на шампионите ова лето, македонскиот шампион Струга ТЛ ги дозна можните пет противници за стартот на европската авантура.

Како што е познато, стружани се неносители низ квалификацискиот циклус, па добија квалитетни противници во обидот да се продолжи понатаму во Лигата на шампионите.

 

Струга ТЛ се најде во групата 1 пред ждрепката, па можни противници на македонската екипа се Слован Братислава (Словачка), Линколн (Гибралтар), ТНС (Велс), Балкани (Косово) и Борац Бања Лука (БиХ).

Се вчитува...