Второпласираната екипа на Струга ТЛ денеска ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната, со што и официјално за избраниците на Бледи Шкемби заврши паузата.
Екипата денеска во 13:00 часот го имаше првиот тренинг. Првата фаза на подготовките ќе се одржи во Струга до 17 јануари. До тогаш екипата ќе одигра два „тест“ натпревари. Потоа екипата заминува во Анталија, Турција каде ќе се одржи главната фаза од подготовките.
Тимот исто така ќе игра натпревари во турскиот туристички центар.
Новина во тимот на Струга ТЛ е враќањето на Ард Касами, кој се рехабилитираше од тешката повреда која ја заработи на почетокот на септември, откако ги скина предните вкрстени лигаменти. Се очекува Касами да почне со индивидуални тренинзи, а потоа полека и да се враќа во екипата.
Струга ТЛ во моментов заостанува два бода од водечкиот тим на Вардар, и ја заврши полусезоната со само еден пораз. Токму овој тим е најсериозен конкурент на Вардар во битката за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

