Струга ТЛ ги промовираше Алити и Драгарски

Лидерот во Втората лига – Запад, екипата на Струга Трим Лум ги промовираше најновите две засилувања за пролетниот дел од шампионатот.

Стружани своите редови ги засилија и со досегашниот фудбалер на Велазерими, Арлинд Алити кој фудбалски потекнува од школата на Шкендија.

Струга Трим Лум го промовираше и Христијан Драгарски кој доаѓа од прилепска Победа. 26-годишниот централен дефанзивец претходно има настапи и за Пелистер, Младост Царев двор, како и српски Радник.

Во досегашниот тек од зимскиот преоден рок Струга ТЛ се засили и со Флорент Османи, голманот Илче Петровски и младиот офанзивец Абдулхад Јахја.

Се вчитува...